Селекцијата на Израел во чекор ги прати репрезентациите на Италија и Шпанија во квалификациите за Светското првенство во Русија, откако неочекувано забележа висока победа над Албанија (3-0) во Елбасан.
Поголем дел од задачите за трите бодови израелците одработија во 17-та минута кога изнудија пенал и црвен картон за Берат Џимсити. Ударот од белата точка во погодок го претвори Еран Захави.
Сите надежи за поволен резултат на Албанија паднаа во вода во 55-та минута, кога Етрит Бериша доби директен црвен картон, втор на мечот после Џимсити.
Бројчната предност на теренот израелските фудбалери ја искористија во 66-та и 84-та минута која ја запечатија победа. Стрелци на головите беа Даниел Еинбиндер и Елиран Атар.
„Азурите“ без поголеми проблеми со четири погодоци во првиот дел го решија Лихтештајн кој исто како и Македонија е без бодови по четири одиграни натпревари.
Резултати: Шпанија – Македонија 4-0, Лихтештајн – Италија 0-4, Албанија – Израел 0-3.
Табела: Шпанија 10, Италија 10, Израел 9, Албанија 6, Македонија 0, Лихтенштајн 0.
Следно коло (24 март 2017): Италија – Албанија, Лихтенштајн – Македонија, Шпанија – Израел.
OhridNews