Англиската фудбалска репрезентација со гол во судиското продолжение ја совладаа селекцијата на Словачка со 1-0 на стартот од квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија.
Херој на англичаните во дебито на новиот селектор, Сем Алардајс беше фудбалерот на Ливерпул, Адем Лалана кој погоди во 95-та минута од мечот.
Словаците од 57-та минута играа со фудбалер помалку, откако капитенот Мартин Шкртел доби втор жолт автоматски црвен картон по стартот над Хари Кејн.
Резултати: Сан Марино – Азербејџан 0-1, Данска – Ерменија 1-0, Казакстан – Полска 2-2, Литванија – Словенија 2-2, Словачка – Англија 0-1.
OhridNews