Селекцијата на Бугарија ја приреди најголемата сензација во квалификациските мечеви за пласман на Мундијалот во Русија совладувајќи ја репрезентацијата на Холандија со 2-0.


Бугарите со двата голови на Спас Делев ги овенаа „лалињата“ кои се во опасност да пропуштат ново големо натпреварување по отсуството на ЕП во Франција.


Покрај бугарите квалификациските натпревари ги одбележа Кристијано Роналдо кој со двата голов стигна до 70-ет во дресот на „селесао“, а Португалија лесно со 3-0 ја совлада Унгарија.

Резултати:

Група А: Шведска – Белорусија 4-0, Бугарија – Холандија 2-0, Луксембург – Франција 1-2.

Табела: Франција 13, Шведска 10, Бугарија 9, Холандија 7, Белорусија 2, Луксембург 1.

Група Б: Андора – Фарски Острови 0-0, Швајцарија – Латвија 1-0, Португалија – Унгарија 3-0.

Табела: Швајцарија 15, Португалија 12, Унгарија 7, Фарски Острови 5, Латвија 3, Андора 1.

Група Х: Белгија – Грција 1-1, БиХ – Гибралтар 5-0, Кипар – Естонија 0-0.

Табела: Белгија 13, Грција 11, БиХ 10, Кипар 4, Естонија 4, Гибралтар 0.

OhridNews