Женската ракометна репрезентација на Франција го освои златниот медал на Мундијалот на Германија. Француските ракометарки во финалето во Хамбург ја совладаа селекцијата на Норвешка со 23-21 (11-10).
Французинките до светската титула дојдоа со добра и организирана одбрана запирајќи го норвешкиот напад кој ги мелеше противниците до финалниот натпревар.
Секогаш на место, сконцетрирана и присебна беше голманката на Вардар, Амандин Лејно кој на крајот врза две одбрани и стигна до 10, а печат на победата вредна златен медал стави Лакребре.
На почетокот од финалниот натпревар ракометарките на Франција отворија со два голови, а норвежанките возвратија со 4 за водство 4-2. Французинките стигнаа до егал 4-4, а селекцијта на Норвешка одговори со три голови за предност од 7-4. До финишот на првиот дел французунките успеаја да ја надополнат негативата и да дојдат до водство 11-10 на одморот.
На стартот од второто полувреме селекцијата на Франција прв пат стигна до три голови водство (14-11), но норвежанките со серија 2-5 дојдоа до ново изедначување (16-16).
Две минути подоцна и поведоа со 18-17, но негативата не ги поколеба французинките кои изедначија и го презедоа кормилото. Во последните две минути влегоа со водство 21-20. Пино од пенал погоди за 22-20, Кристијансен намали на 22-21, а Лакребре со вториот гол на мечот и Лејно со 10-та одбрана ставија точка во финалниот натпревар.
Пред финалниот натпревар во Хамбург се одигра мечот за бронзениот медал во кој славеше селекцијата на Холандија против Шведска 24-21.
OhridNews