Селекцијата на Шпанија ја освои првата позиција во Б групата, откако во мечот од петтата рунда ја декласираше репрезентацијата на Словенија со 36-26 (18-10).
Шпанците рутински го одработија и победија натпреварот кој требаше да биде дерби и борба за првата позиција во Б групата.
Лидерското место во групата на шпанците во 1/8 финалето им го донесе Бразил, а Словенија силите ќе ги одмери со Русија.
Резултати:
Група А: Русија – Бразил 28-24, Франција – Полска 26-25, Јапонија – Норвешка 23-38.
Табела: Франција 10, Норвешка 8, Русија 6, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.
Група Б: Тунис – Ангола 43-34, Македонија – Исланд 27-27, Шпанија – Словенија 36-26.
Табела: Шпанија 10, Словенија 7, Македонија 5, Исланд 4, Тунис 4, Ангола 1.
OhridNews