„Лалињата“ со убедлив триумф 5-1 над Светскиот првак Шпанија го започнаа Мундијалот во Бразил. Холандските навивачи на стадионот не престанаа да пеат, а секако најлудо беше во Холандија каде победата се прославуваше како освојување на шампионската титулата.

– Лудилото од теренот и трибините во Бразил продолжи на улиците ширум Холандија. Тие едноставно живеат за фудбал и се ќе направат за негов успех. И што е најбитно и најважно знаат како да го прослават секој спортски успех на нивните миленици – рече Томе Камнаровски, кој живее и работи во Роермонд, Холандија.

Тој и неговиот син Димитар ја одбраа „охридската љубов“, а тоа е пливањето, а не „првата“ од холанѓаните.

Мх.П.