Репрезентативецот на Колумбија, Џејмс Родригез со шест погодоци е најдобар стрелец на Мундијалот во Бразил.

Наградата за најдобар голман замина во рацете на германскиот чувар на мрежата Мануел Нојер додека за најкорисен фудбалер на Мундијалот е прогласен Лионел Меси.
МВП наградата за капитенот на „гаучосите“ е мала утеха откако неговата селекција претрпе пораз 1-0 во финалето од репрезентацијата на Германија.
Мх.П.










