Најдобриот поединец во бразилската селекција Нејмар поради повреда може да го пропушти четвртфиналниот натпревар со Колумбија на Светското првенство.

Нејмар во текот на дуелот со Чиле во 1/8 финалето се пожали на болки во десната нога, а повреда може да се покаже сериозна откако на прв поглед не изгледаше така.

Без првата виолина „кариоките“ ќе имаат далеку потешка задача бидејќи колумбијците во Бразил го живеат својот мундијалски свет.

Мх.П.