За точно еден месец во Катар ќе се одржи 24-то Светско првенство во ракомет. Богатата земја прв пат ќе биде домаќин на најдобрите светски ракометни земји.


Но, во државата домаќин сеуште нема некоја посебна еуфорија. Домаќините се подготвуваат, но тивко без помпезност, а се очекува да биде еден од најголемите спектакли во историјата на ракомет.

– Нема никаква еуфорија, како ништо да не се случува. Сите работат и фокусирани се на организициски план без помпезност. Познавајќи ги нив ова ќе биде од најдобро организирани Мундијали воопшто во спортот – рече нашиот соговорник и известувач од Катар, Стефчо Петан.


Светското првенство ќе се одржи во три сали кои се сместени во еден ист град Доха, а еуфоријата ќе стигне до максимум кога ќе дојдат селекциите.

– Недела дена пред почетокот на Мундијал сите селекции ќе допатуваат тука и тогаш очекувам да се направи бум бидејќи ќе дојдат сите ракометни ѕвезди кои ги гледаат овде на телевизија. Иначе земјата многу вложува во спортот и е верна сенка на секој спортист, кој има и малку шанса за успех – додаде Петан.


Тој работи во најдобрата светска спортска клиника „Аспетар“, кој ќе биде ставена во помош на спортистите кои ќе допатуваат во Катар. – Како болница ќе бидиме нон стоп отворени за спортистите и ќе му служиме за нивнотo добро здравје – потенцираше Петан.


И македонската селекција ќе биде бел од Мундијалот во Катар, а Петан и неговата сопруга Ана нетрпиливо ги очекуваат мечевите за широко да го развиорат македонското знаме.

Мх.П.