Селекциите на Костарика и Уругвај се осминафиналисти, а европските репрезентациите Англија и Италија ги завршија натпреварите во групите.


Уругвајците во мечот да се биде или не со минимални 1-0 ја совладаа Италија и обезбедија пласман понатаму. Погодокот вреден осминафинале го постигна Диего Годин во 81-та минута.

Со ремито без голови 0-0 против Англија селекцијата на Костарика ја осигура првата позиција во Д групата.

Резултати : Италија – Уругвај 0-1, Костарика – Англија 0-0.

Табела : Костарика 7, Уругвај 6, Италија 3, Англија 1.

Мх.П.