Светското првенство во Русија заврши за офанзивниот фудбалер Никола Калиниќ кој се соочи со бркање од хрватската фудбалска репрезентација.

Селекторот на „коцкастите“, Златко Далиќ од стројот и воопшто од репрезентацијата Калиниќ го острани поради непослушност. Калиниќ на премиерниот меч на хрватите со Нигерија кој го добија со 2-0 одбил да влезе во игра жалејќи се на повреда на грбот.

  • Селекцијата ја сочинуваат 23 фудбалери и секој поединечно треба да гине за националниот дрес. Во спротивност ќе нема единство, а потоа и атмосферата нема да биде потребното ниво. – изјави селекторот.

Во игра со Нигерија на местото од Марио Манџукиќ влезе Марко Пјаца, а заминувањето на Калиниќ го намалува изборот во офанзивната линија на хрватите. Во втората рунда Хрватска ќе се сретне со Аргентина.

OhridNews