Репрезентациите на Норвешка и Холандија им се придружија на селекциите на Шведска и Франција во полуфиналето на Светското првенство во Германија.
Норвежанките го растурија во буквална смисла олимпискиот шампион Русија совладувајќи го со 34-17. Русинките не им пружија ниту малку отпор на расположените норвежанки кои на дело ја оправдаа фаворитската улога за тронот на Мундијалот.
Во вториот четвртфинален натпревар селекцијата на Холандија не им дозволи нова сензација на чехињите победувајќи ги со 30-26.
За влез во финалето во петок ќе се борат Шведска против Франција, односно Норвешка против Холандија.
OhridNews