Селекциите на Норвешка и Франција ќе се судрат во финалето на 23-то Светско првенство во ракомет кое се одржува изминатиов период во Германија.
Норвежанките својата класа ја потврдија и во полуфиналето, откако ја совладаа Холандија со убедливи 32-23. Прашањето околу победникот беше решено после триесет минути игра после кои норвежанките имаа водство 17-10. Во второто полувреме двете селекции се надигрувааа, но норвежанките не само што ја задржаа, туку и ја зголемија предноста.
Многу понеизвесен полуфинален натпревар одиграа Франција и Шведска кој заврши во корист на „триколорите“ со 24-22. Швеѓанките имаа водство (12-11) на полувремето, но французинките предводени од добрата одбрана успеаја да го свртат резултатот и да обезбедат финале.
Финалето се игра в недела во 17 часот и 30 минути, а претходно во 14 часот и 30 минути Холандија и Шведска ќе се сретнат во малото финале.
OhridNews