Репрезентативецот на Јамајка, Усеин Болт го освои златниот медал на Светското првенство во Пекинг во дисциплината 100 метри.
Во финалето Болт го совлада големиот ривал Џастин Гетлин од САД за една стотинка, трчајќи ја најбрзата атлетска дисциплина за 9.79 секунди. Бронзата и третата позиција ја поделија Американецот Бромел и Де Грасе кои имаа идентично време од 9.92 секунди.
За Болт ова е трет златен медал на 100 метри на светските првенства (Пекинг, Москва, Берлин), со што тој влегува во историјата во друштво на легендарниот Карл Луис и Морис Грин. Севкупно денешниот е деветти златен медал за Болт на мундијалите, а сјајната збирка тој има можност да ја зголеми уште во Пекинг каде ќе го гледаме во трките на 200 метри и штафета.
Мх.П.