Атлетичарот од Јамајка, Усеин Болт го освои вториот златен медал на Светското првенство во Пекинг триумфирајќи на трката 200 метри.


Болт делницата ја мина со време 19.55 кое е трето најбрзо во историјата на оваа спринтерска патека.


На втората позиција заврши америчакиот ривал Џастин Гетлин (19.74) додека третата позиција на пиедесталот му припадна на Јободвана од Јужна Африка со време (19.87).

Тој со вториот златен медал по оној од 100 метри стана единствениот атлетичар со десет освеени златни одличја од Мундијалите.

Мх.П.