Само што имаше речиси совршена сезона со Реал Мадрид, Пепе во првиот натпревар на Мундијалот заработи црвен картон и потсети на деновите кога беше „лошо дете“.


Пепе на дуелот Португалија – Германија прво имаше еден дуел со Томас Милер, а откако Германецот падна на теренот, Пепе му пријде и без топка со глава уште еднаш го удри. Помошниците а и српскиот арбитар Матиќ го забележа тоа и му додели директен црвен картон.

Мх.П.