Црниот ден за шампионите продолжи на Мундијалот во Франција, откако по Олимпискиот првак, Данска отпадна и Европскиот шампион, Германија.


Германците за разлика од данците имаа контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, а светскиот вицепрвак првото водство на мечот го преточи во сензационален триумф (22-20).

Човек на одлука беше Капоте кој постигна девет голови, а исто така голем удел во триумфот имаше и Шариќ кој запиша 15 успешни интервенции.

Селекцијата на Катар им се придружи на Шведска, Унгарија, Норвешка, Франција, Словенија и Шпанија меѓу најдобрите осум во светот. Последниот патник во 1/4 финалето ќе се дознае по мечот Хрватска – Египет.

OhridNews