Репрезентацијата на Аргентина со победа 2-1 над Босна и Херцеговина на „Маракана“ го започна Светското првенство.

„Гаучосите“ среќно уште во втората минута го отворија резултатот откако босанците сами си ја затресоа мрежата. На 2-0 зголеми Лионел Меси додека конечните 2-1 ги постави Ибишевиќ.

Првата рунда од групата Ф ќе се комплетира со натпреварот Иран – Нигерија.

Мх.П.