Италија ја победи Англија со 2-1, додека Костарика го победи Уругвај со 3-1. Во европската пресметка во групата на смртта „азурите“ до победата над Гордиот Албион стигнаа со головите на Маркисио и Балотели. Стрелец на погодокот за “Гордиот Албион“ беше Стариџ.

“>

Најголемата сензација во досегашниот дел од мечевите ја приреди Костарика која со 3-1 го совлада фаворизираниот Уругвај. “Ла Селесте“ дојдоа во водство преку Кавани, но во вториот дел им се случи хаварија. Кембел, Дуарте и Урена го реализираа пресвртот за неповторлив триумф.

“>

Во втората рунда ќе играат Италија – Костарика, Англија – Уругвај.