Капитенот на Англија, Стивен Џерард ја стави под знак прашалник репрезентативната кариера по неуспехот на Мундијалот во Бразил.
– Разговарав со селекторот и му побарав време да размислам за мојата репрезентативна иднина. Сега неможам ништо да кажам околу тоа ќе дојде време и ќе ја соопштам мојата одлука – потенцираше Џерард.
„Лавовите“ во групата Д претрпеа порази од Италија и Уругвај во првите два натпревари од Светското првенство.
Мх.П.