Селекцијата на Франција го доби дербито во третата рунда од квалификации за Мундијалот во Русија, совладувајќи ја Холандија со минимални 1-0.


На холанѓаните на Амстердам Арената им пресуди најскапиот фудбалер во светот, Пол Погба кој погоди од голема далечина во првиот дел.

„Триколорите“ со минималната победа избија на чело на табелата и им го нанесоа првиот пораз на „лалињата“ во групната фаза.

Резултати:

Група А: Белорусија – Луксембург 1-1, Холандија – Франција 0-1, Шведска – Бугарија 3-0.

Табела: Франција 7, Шведска 7, Холандија 4, Бугарија 3, Белорусија 2, Луксембург 1.

Група Б: Андора – Швајцарија 1-2, Фарски Острови – Португалија 0-6, Латвија – Унгарија 0-2.

Табела: Швајцарија 9, Португалија 6, Унгарија 4, Фарски Острови 4, Латвија 3, Андора 0.

Група Х: Босна и Херцеговина – Кипар 2-0, Естонија – Грција 0-2, Гибралтар – Белгија 0-6.

Табела: Белгија 9, Грција 9, БиХ 6, Естонија 3, Кипар 0, Гибралтар 0.

OhridNews