Репрезентациите на Австралија и Холандија го одиграа најдобриот натпревар на Мундијалот, а целиот плен им припаднаа на „лалињата“ кои триумфираа 3-2.

Водството на првиот меч од Б групата се менуваше три пати што доволно говори за брилијатниот фудбал на Естадио Беира во Порто Алегре.

Првиот потег на мечот го направи Робен, кој во 20-та минута го отвори резултатот. Сеуште не стивна „портокаловата“ еуфорија на трибините, а Тим Кејхил со неверојатен погодок израмни 1-1.

Гол серијата во вториот дел ја продолжија „кенгурите“ кои преку Марк Јединак од белата точка поведоа со 2-1. Кога најмногу им требаше на „лалињата“ погодок се „разбуди“ Ван Перси и донесе егал на семафорот.

Голманската грешка на Метју Рајан во 68-та минута австралијанците ги чинеше пораз и збогување од Светското првенство по завршување на групната фаза, а избраниците на селекторот Ван Гал осминафинале.

Во последната рунда Холандија ќе ги одмери силите со Чиле, а Австралија ќе се сретне со Светскиот прак Шпанија.

Мх.П.