Селекцијата на Швајцарија на домашен терен со 2-0 го совладаа Европскиот првак, Португалија во првата рунда од квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.
Португалците имаа контрола на топката, напаѓаа констатно, но швајцарците преку контра напади ја погодија мрежата на Руи Патрисио.
Прво во 24-та минута прецизно стрелаше Брил Емболо, шест минути подоцна Адмир Мехмеди го дуплираше водството.
Мала дамка на големата победа на Швајцарија остави црвениот картон на Гранит Џака кој го доби во судиското продолжение.
Резултати:
Група А: Белорусија – Франција 0-0, Бугарија – Луксембург 3-2, Шведска – Холандија 1-1
Група Б: Андора – Латвија 0-1, Фарски Острови – Унгарија 0-0, Швајцарија – Португалија 2-0
Група Х: БиХ – Естонија 4-0, Кипар – Белгија 0-3, Гибралтар – Грција 1-4
OhridNews