Европскиот шампион, Португалија обезбеди директен пласман на Мундијалот во Русија, откако во директна пресметка ја совлада репрезентација Швајцарија со 2-0.

„Европските бразилци“ пред своите гледачи не дозволија изненадување или расипување на забавата и ја решија Швајцарија во одлучувачкиот натпревар.

 

Португалија после триумфот се изнедначи со Швајцарија на табелата, но гол разлика е на нивна страна и ќе играат на Мундијалот следната година.

Разочарување е неуспехот на Холандија која сигурно нема да биде дел од светскиот собир и елиминацијата на Босна и Херцеговина која имаше се во свои раце на два меча пред крајот на квалификациите.

Бараж мечевите за пласман на СП ќе се играат во ноември месец. 

Резултати:

Група А: Франција – Белорусија 2-1, Луксембург – Бугарија 1-1, Холандија – Шведска 2-0.

Табела: Франција 23, Шведска 19, Холандија 19, Бугарија 13, Луксембург 6, Белорусија 5.

Група Б: Унгарија – Фарски Острови 1-0, Латвија – Андора 4-0, Португалија – Швајцарија 2-0.

Табела: Португалија 27, Швајцарија 27, Унгарија 13, Фарски Острови 9, Латвија 7, Андора 4.

Група Х: Белгија – Кипар 4-0, Естонија – БиХ 1-2, Грција – Гибралтар 4-0.

Табела: Белгија 28, Грција 19, БиХ 17, Естонија 11, Кипар 10, Гибралтар 0.

OhridNews