Осум селекции поделени во два шешира ќе се борат за четирите последни билети од Европа за пласман на Светското првенство во Русија.

Во првиот шешир имињата се звучни Хрватска, Италија, Данска и Швајцарија, додека во вториот се наоѓаат репрезентациите со послаб рејтинг Грција, Шведска, Република Ирска и Северна Ирска.

Ждрепката за бараж двојките ќе се одржи во вторник, а натпреварите ќе се играат на 9 и 14 ноември.

OhridNews