Фудбалската репрезентација на Србија имаше успешен почеток на Светското првенство во Русија победувајќи ја со 1-0 селекцијата на Коста Рика на стартот од мечевите во Е групата.

Погодокот вреден победа за „орлите“ го постигна Александар Коларов во 57-та минута од натпреварот. Капитенот на србите го матираше Кејрор Навас стрелајќи прецизно од слободен удар.

Првата рунда во Е групата ќе се комплетира со натпреварот помеѓу Бaразил и Швајцарија кој ќе одигра вечерва во 20 часот.

OhridNews