Пласманот на Мундијалот во Русија на аргентинската селекција е доведен под знак прашалник, откакако „гаучосите“ одиграа без голови (0-0) пред своите гледачи со репрезентацијата на Перу во претпоследната рунда од квалификациите.

Лионел Меси и останатите ѕвезди во аргентинската селекција во последната рунда на гостувањето во Еквадор немаат право на грешка и мора да забележат победа доколку сакаат да бидат дел од светскиот фудбалски собир.

Аргентина за местата кои водат директно на СП или преку баражот се бори со Перу и Колумбија, кои меѓу себе во последната рунда ќе одлучат кој ќе оди понатаму во случај ако „гаучосите“ победат.

Сигурен патник од Јужна Америка на СП во Русија е Бразил, кој ја осигура првата позиција на табелата.

Резултати: Боливија – Бразил 0-0, Венецуела – Уругвај 0-0, Аргентина – Перу 0-0, Чиле – Еквадро 2-1, Колумбија – Парагвај 1-2.

Табела: Бразил 38, Уругвај 28, Чиле 26, Колумбија 26, Перу 25, Аргентина 25, Парагвај 24, Еквадор 20, Боливија 14, Венецуела 9.

OhridNews