Без победник (22-22) заврши дербито помеѓу селекцијата домаќин на Светското првенство, Германија и репрезентацијата на Србија во дербито од Д групата. „Орлите“ до бод вреден како победа стигнаа со гол во последните мигови кој го постигна ракометарката на Вардар, Драган Цвијиќ.

Максимален ефект по три одиграни мечеви имаат Романија, Русија и Норвешка. Романките со 19-17 ја совладаа Шпанија, Русија ја победи во дуелот со Бразил 24-16, а Норвешка славеше со 35-20 над Полска.

Двојки:

Група А: Словенија – Ангола 32-25, Франција – Парагвај 35-13, Романија – Шпанија 19-17.

Табела: Романија 6, Шпанија 4, Словенија 4, Франција 4, Ангола 0, Парагвај 0

Група Б: Унгарија – Аргентина 33-15, Шведска – Чешка 36-32, Норвешка – Полска 35-20.

Табела: Норвешка 6, Шведска 4, Чешка 4, Полска 2, Унгарија 2, Аргентина 0.

Група Ц: Црна Гора – Јапонија 28-29, Русија – Бразил 24-16, Данска – Тунис 37-19.

Табела: Русија 6, Данска 4, Бразил 3, Јапонија 3, Црна Гора 2, Тунис 0

Група Д: Јужна Кореја – Кина 31-19, Холандија – Камерун 29-22, Германија – Србија 22-22.

Табела: Србија 5, Германија 5, Јужна Кореја 4, Холандија 4, Камерун 0, Кина 0

OhridNews