Со погодоците на Мароуане Фелаини и Драјс Мертенс кои влегоа од клупата Белгија се извлече и забележа победа над Алжир 2-1 во првиот натпревар на Мундијалот.

„Црвените ѓаволи“ долго време го бараа патот до мрежата, а конечно го пронајде Фелаини во 70-та минута изедначувајќи го резуталтот.
Најдобриот поединец на теренот Мертенс по молневитиот контра напад ја погоди мрежата за комплетен пресврт.
Во втората рунда ќе се сретнат Белгија и Русија, која вечерва го игра премиерниот натпревар со Јужна Кореја.
Мх.П.









