Селекциите на Русија и Чешка обезбедија пласман помеѓу осумте најдобри на Светското првенство во Германија, откако славеа над Јужна Кореја (36-35) односно Романија (28-27) во осминафиналето.

Русинките со судни маки после десет дополнителни минути ги совладаа корејките. Селекцијата на Јужна Кореја во второто полувреме ја анулираше предноста на Русија и длабоко во финишот имаше шанса за победа која не ја реализираше.

На стартот од десетте минути русинките поведоа со еден, па со два погодоци и тргнаа кон четвртфиналниот билет. Корејките заостануваа еден гол и така до крајот кога на семафорот стоеше 36-35.

Репрезентацијата на Чешка со гол во последниот напад ја совлада Романија 28-27 и приреди мало изненадување со елиминацијата на Кристина Неагу и останатите ракометарки.

Во четвртфиналето претходно обезбедија Данска, Шведска, Црна Гора и Франција, а допрва ќе се борат Шпанија – Норвешка, Јапонија – Холандија.

OhridNews