Македонската фудбалска А репрезентација, вечерва во 20:45 часот, на домашен терен, против селекцијата на Лихтенштајн ќе одигра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во Катар 2022 година.

„Црвено жолтите“ со две раце ја прифати фаворитската улога, најавувајќи победа и запишување на првите бодови на табелата. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски испуштија бод во Романија, а сето тоа сакаат да го поправат во вечерашниот дуел со Лихтенштајн.

Клучно е натпреварот да го сфатиме сериозно. Покажавме дека можеме да играме со многу силни селекции и за нас секој меч е важен. Ние имаме квалитет, а сега сме и Европско и поинаку не гледаат. Атмосферата секогаш е врвна, кога зборуваме очи во очи сѝ велиме дека уживаме да сме дел од репрезентацијата. Секогаш е тешко да се игра против една екипа се брани. Тешко е да се игра против 11 играчи во одбраната. Многу е важно да се даде гол рано, а потоа ќе видиме како ќе се движи ситуацијата, – рече Енис Барди, во најавата за пресметката со Лихтенштајн.

Во прилог на Македонија и оди подобриот скор во меѓусебните пресметки со Лихтенштајн, но сето тоа треба да се преслика и потврди на теренот.

Покрај мечот Македонија – Лихтенштајн во групата Ј ќе се одиграат уште два натпревари, Ерменија – Исланд односно Романија – Германија.

OhridNews