Со одигрување на третата рунда по групи заврши првата фаза на Светското првенство во Бразил. Сега следува втората онаа елиминациска која е далеку поинтересна и бозбудлива првата во која нема право на грешка.


Она што може веднаш да се забележи од распоредот е тоа што Бразил и Аргентина можат да се сретнат во финалето, а тоа би било маестрално финале на „Маракана“.

Од европските селекции кои реално имаат квалитет за освојување на тронот останаа само Германија, Франција и Холандија.

Распоред :

28.јуни:Бразил-Чиле (Бело Хоризонте 18 ч), Колумбија-Уругвај (Рио де Жанеиро 22 ч)

29.јуни: Холандија-Мексико (Форталеза 18 ч), Костарика-Грција (Ресифе 22 ч)

30.јуни: Франција-Нигерија (Бразилија 18 ч), Германија-Алжир (Порто Алегре 22 ч)

1.јули: Аргентина-Швајцарија (Сао Паоло 18 ч), Белгија-САД (Салвадор 22 ч)

OhridNews