Репрезентацијата на Сенегал приреди изненадување победувајќи ја Полска (2-1) која беше носител при ждрепката за групите на Мундијалот во Русија.

Сенегалците до триумф во премиерниот натпревар дојдоа со два необични и интересни голови, додека Полска до крајот успеа само да го ублажи поразот. Погодокот за водство селекцијата на Сенегал погодокот за водство го постигна со помош на Тијаго Чионек кој го смени правецот на топката и го матираше својот соиграч Шчезни. Вториот гол за дуплирање на предноста беше дело на Нијанг, кој од средината на теренот влезе после укажаната медицинска помош и ги изненади полските репрезентативци. Надежта за поволен резултат кај полјаците ја врати Крижовјак кој погоди во 88-та минута.

Со дуелот помеѓу овие две селекции се комплетираше првата рунда во фазата по групи на Мундијалот и од вечерва со мечот Русија – Египет (20ч) стартуваат натпреварите од втората рунда.

OhridNews