Селекциите на Шпанија и Словенија го задржаа победничкиот ефект по одигрувањето на третата рунда во Б групата на Мундијалот во Франција.


„Црвената фурија“ без поголеми проблеми и рутински со 42-22 ја совлада репрезентацијата на Ангола која ниту во еден момент не беше рамноправен противник.

Словенија, пак, во дербито од Б групата ја совлада Македонија со седум погодоци разлика 29-22 и го продолжија победничкиот низ.

За првото место во Б групата, најверојатно Шпанија и Словенија ќе решаваат во меѓусебниот дуел кој ќе се одигра во петтата рунда.

Резултати:

Група А: Полска – Русија 20-24

Табела: Франција 6, Норвешка 4, Русија 4, Бразил 2 (-1), Полска 0, Јапонија 0.

Група Б: Македонија – Словенија 22-29, Шпанија – Ангола 42-22

Табела: Словенија 6, Шпанија 6, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 1, Ангола 0.

Група Ц: Унгарија – Чиле 34-29, Хрватска – Белорусија 29-24

Табела: Хрватска 6, Германија 4, Чиле 2, Белорусија 2, Унгарија 2, Саудиска Арабија 0.

Група Д: Египет – Бахреин 31-29, Данска – Шведска 27-25

Табела: Данска 6, Шведска 4, Египет 4, Катар 2, Бахраеин 0, Аргентина 0.

OhridNews