Селекциите на Шпанија, Франција, Словенија и Норвешка се првите кои обезбедија пласман во 1/4 финалето на Мундијалот во Франција.


Најтешкото од четири репрезентации виза за најдобрите осум чекираше Шпанија која во финишот славеше минимално против Бразил (28-27).

Франција и Словенија го одбраа полесниот пат во 1/4 финалето рутински славеа над Исланд 31-25 односно Русија 32-26.

Норвешка, во осминафиналето ја совлада Македонија со убедливи 34-24 и ја сруши нашата историска шанса за пласман меѓу ТОП 8 селекциите.

Резултати: Норвешка – македонија 34-24, Франција – Исланд 31-25, Бразил – Шпанија 27-28, Русија – Словенија 26-32.

OhridNews