Фаворитите во Г групата каде се наоѓа Македонија, Шпанија и Италија ги запишаа првите бодови победувајќи ги Лихтештајн 8-0 односно Израел 3-1.


„Црвената фурија“ канонадата кон голот на противниците ја почнаа во 10-та минута со голот на Диего Коста. Истиот фудбалер уште еднаш се запиша во листата на стрелци, а по два голови реализираа Давид Силва и Алваро Мората. По еднаш мрежата ја погодија Серхио Роберто и Витоло.


Италијаните на тешкото гостување во Израел одново ја покажаа својата големина победувајќи во свој препознатлив стил. До 30-та минута „азурите“ имаа водство 2-0 со головите на Грацијано Пеле и Антонио Кандрева. Домаќините се вратија во игра преку Тал бен Хаим, а сите дилеми гостите ги разрешија по голот на Чиро Имобиле.


Резултати: Шпанија – Лихтештајн 8-0, Израел – Италија 1-3, Албанија – Македонија 1-1 (прекин).

OhridNews