Селекцијата на Швајцарија стигна до првата победа на Мундијалот во Русија, откако со пресврт (2-1) ја совладаа Србија во втората рунда од Е групата.

Србите одлично го започнаа натпреварот и со голот на Митровиќ поведоа со 1-0. Речиси педесет минути српските репрезентативци го чуваа водството.  Швајцарците преку Џака го изедначија резултатот, а во судиското продолжение со погодокот на Шаќири дојдоа првата победа и четвртиот бод во групата.

За пласман во нокаут фазата во последната рунда на Србија ќе и треба победа над Бразил, кој со два голови во финишот ја совлада Коста Рика (2-0).

OhridNews