Селекторот на Бразил, Луис Фелипе Сколари, кој оптимистички најавуваше дека неговите фудбалери ќе ја освојат титулата на СП, по катастрофата кој му се случи во полуфиналето против Германија (1-7), изјавил дека тој е виновникот за дебаклот.
„Кој е одговорен за овој резултат?Јас сум тој. Срамот поради овој катастрофален пораз можеме да го поделиме сите, но јас сум тој кој ги избра играчите и тактиката за овој натпревар. Тоа беше мој избор“, рекол Сколари.
„Ова е најлошиот ден во мојот живот. Ова е катастрофален, грд пораз, најлошиот досега, но мораме да гледаме напред, кон мечот кој не очекува во сабота во Бразилија“.
Бразилскиот селектор и се извини на нацијата за поразот кој е најголем во историјата на репрезентацијата која има најмногу титули на Мундијалите.
„Бараме навивачите да ни простат. Го правевеме она за кое мислевме дека е најдобро. Ве молам да ни ги простите овие грешки. Жалам што не стигнавме до финалето“, рекол Сколари, човекот кој во 2002 година го предводеше Бразил до титулата на СП во јапонија и Јужна Кореја.
„Макфакс“