Дека во ракометот нема веќе фаворити покажаа селекциите на Словенија и Босна и Херцеговина обезбедувајќи пласман на Светското првенство во Катар.
Балканските репрезентации во бараж двомечите ги елиминираа фаворизираните Унгарија односно Исланд.
Босанците на гостувањето во Исланд ремизираа 29-29 и ја зачуваа минимална предност од првиот натпревар (33-32).
Словенците со убедливиот триумф пред своите гледачи 32-26 ја анулираа минималната победа на Унгарија.
Од балканските земји на Мундијалот нема да учествуваат Црна Гора и Србија кои доживеа елиминации во бараж натпреварите.
Мх.П.