Фудбалерите на Србија ја задржаа втората позиција во Д групата ремизирајќи со Велс во Кардиф (1-1) во четвртата рунда од квалификациите за собирот на сите фудбалски ѕвезди во Русија.


Бод со големо значење за „орлите“ донесе Александар Митровиќ со погодокот во 85-та минута од мечот. Претходно, домаќините поведоа преку Герет Бејл после половина час игра.


Од ремито меѓу Велс и Србија најмногу профитираше ирската селекција која со 1-0 ја совлада Австрија во Виена.

Резултати:

Група Д: Велс – Србија 1-1, Австрија – Република Ирска 0-1, Грузија – Молдавија 1-1.

Табела: Република Ирска 10, Србија 8, Велс 6, Австрија 4, Грузија 2, Молдавија 1

Група Г: Шпанија – Македонија 4-0, Лихтештајн – Италија 0-4, Албанија – Израел 0-3.

Табела: Шпанија 10, Италија 10, Израел 9, Албанија 6, Македонија 0, Лихтенштајн 0

Група И: Хрватска – Исланд 2-0, Турција – Косово 2-0, Украина – Финска 1-0.

Табела: Хрватска 10, Украина 8, Исланд 7, Турција 5, Финска 1, Косово 1.

OhridNews