Еден од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП 2016 година, селекцијата на Чешка на сензационален начин обезбеди пласман на Мундијалот во Катар следната година.
На реванш натпреварот во Брно од бараж двомечот Чешка пред своите гледачи со 33-21 ја совлада Србија и ги анулираше осумте погодоци предност на „орлите“ од првиот натпревар.
Вината за елиминацијатаод „добиениот“ бараж двомеч србите ќе мораат да ја бараат во своите редови откако одиграа меч под своите можности.
Мх.П.