Кошаркарските селекции на Србија и Америка ќе се сретнат во големото финале на Светското првенство во Шпанија.
Србите во полуфиналната пресметка со 90-85 го совладаа Европскиот првак Франција и им се придружија на американците во финалето.
НБА ѕвездите претходно во полуфиналето со убедливи +28 ја преслушаа литванската репрезентација.
Финалето од Мундобаскетот се игра в недела со почеток во 21 часот.
Мх.П.