Репрезентацијата на Костарика по изведување на пеналите ја совлада селекцијата на Грција 5-3 (1-1) и се пласираше во 1/4 финалето на Светското првенство во Бразил.

Натпреварот во продолжение замина по погодокотот на Папастопулос во последната минута од мечот. Претходно за водство на костариканците погоди Брајан Руиз.
Во 1/4 финалето Костарика ќе се сретне со Холандија која во драматична завршница триумфираше над Мексико 2-1.
Мх.П.









