Повратникот во селекцијата на Уругвај, Луис Суарез со два погодоци (2-1) и пресуди на англиската репрезентација во втората рунда од Д групата.

Фудбалерот на Ливерпул кој го пропушти премиерниот натпревар два пати ја тресеше мрежата на Харт. Прво за водство 1-0 во 39-та минута, а во 85-за триумф од 2-1. Почесниот погодок за англичаните го постигна Вејн Руни во 75-та минута.

Во последната рунда Англија ќе се сретне со Костарика, а Уругвај против Италија.

Мх.П.