Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез од ФИФА заработи драконска суспензија по гризењето на Џорџо Киелиени на дуелот меѓу Уругвај и Италија во групната фаза на Мундијалот.
ФИФА го суспендираше на девет официјални натпревари под нејзина капа и четири месеци од активното играње фудбал во сите натпреварувања.
– Му се извинувам на Киелини и на сите љубители на фудбалот. Ова никогаш повеќе нема да се повтори. Длабоко во мене знам дека сум виновен и сега се каам за тоа што го направив – истакна Суарез.
Светските медиуми ваквата изјава на фудбалерот од Ливерпул ја протолкуваа како мамка за ублажување на казната.
Мх.П.