Актуелниот владетел во фудбалскиот свет Шпанија по завршување на групната фаза ќе се збогува од Мундијалот во Бразил.
Поразот од Чиле 2-0, втор во два натправари од Б групата ја спакува „црвената фурија“ и ги промивираше холанѓаните и чилеанците како осминафиналисти.
Големата победа на Чиле ја донесоа Едуардо Варгас и Чарлес Арангуиз кои мрежата на Икер Касиљас ја погодија во првиот дел.
Холандија и Чиле во последната рунда ќе играат за првото место во групата додека Шпанија и Австралија за националната чест.
Резултати : Австралија – Холандија 2-3, Шпанија – Чиле 0-2.
Табела : Холандија 6, Чиле 6, Австралија 0, Шпанија 0
Мх.П.