Селекциите на Аргентина и Бразил забележаа нови победи во квалификациите за Светското првенство во Русија совладувајќи ги Чиле (1-0) односно Уругвај (4-1).
Трите бодови за „гаучосите“ со репрезентативците на Чиле ги донесе Лионел Меси со гол од белата точка во 16-та минута од натпреварот.
„Кариоките“ на крилата од Паулињо кој постигна три од четирите погодоци со пресврт го совладаа составот на Ургувај. Домаќините поведоа со голот на Кавани, а Паулињо во соработка со Нејмар го нокаутираа противникот.
Резултати: Колумбија – Боливија 1-0, Уругвај – Бразил 1-4, Аргентина – Чиле 1-0, Парагвај – Еквадор 2-1, Венецуела – Перу 2-2.
Табела: Бразил 30, Уругвај 23, Аргентина 22, Колумбија 21, Еквадор 20, Чиле 20, Парагвај 18, Перу 15, Боливија 7, Венецуела 6.
OhridNews