Селекциите на Шпанија и Словенија забележаа нови победи на Мундијалот во Франција, совладувајќи ги Тунис (26-21) односно Исланд (26-25) во втората рунда од Б групата.
„Црвената фурија“ потешко од очекувањата го „скрши“ Тунис кој во мечот од втората рунда влезе после поразот од Македонија во првото коло.
Шпанците имаа шест голови предност (12-6), но ракометарите од Тунис не се предадоа и имаа неколку не реализирани напади на два негатива за комплетно враќање во натпреварот.
Селекцијата на Словенија во тесен и неизвесен натпревар ја совлада репрезентацијата на Исланд (26-25) во дербито од Б групата.
Со овој триумф „змајчеките“ го осигураа пласманот во 1/8 финалето, а сега ќе се борат за што подобар позиција на табелата.
Резултати: Исланд – Словенија 25-26, Тунис – Шпанија 21-26, Ангола – Македонија.
Табела: Словенија 4, Шпанија 4, Македонија 2, Исланд 0, Тунис 0, Ангола 0.
OhridNews