Трикратниот првак Германија на крилата од Томас Милер фуриозно со 4-0 ја совлада Португалија во првиот натпревар од Г групата.
Човекот на одлука Милер постигна хет трик и во целост го засени Кристијано Роналдо, а „покерот“ го комплетираше Мет Хумелс.
Пепе им ја олесна задачата на „панцирите“ откако при резултат 2-0 заработи директен црвен картон.
Во втората рунда Португалија ќе се сретне со Америка, а Германија со Гана.
Мх.П.