Ништо ново. Италија по трет пат ја совлада Англија на натпревар од големите натпреваувања. “Азурите“ уште еднаш ја потврдија светската фудбалска класа и покажаа зошто се во светскиот фудалски врв. Предводени од маестралниот Андреа Пирло светските прваци од 2006 срамежливо ја наметнуваат кандитаурата за висок пласман. Нивнитот пристап кон играта во “азурниот“ дрес им донесе уште еден позитивен резултат во низата. Квалитетната Премиер лига го зема “националниот“ данок, па англичаните ќе мора да одат по потешкиот пат ако сакаат да стигнат до Рио.
Првокласна сензација приреди Костарика, совладувајќи го фаворитот од сенка Уругвај. Третите од последниот планетарен собир, беа изенанадени и им преостанува преку Англија да вадат “виза“ за елиминациите. Дали симпатичните костариканци имаат сила за уште една сензација ќе биде јасно по мечот со Италија во втората рунда.
Честа на “јужњаците“ ја спаси Колумбија која ја демолираше Грција. И без својот најдобар фудбалер Радамел Фалкао, колумбијците одигра моќно и полетно. Во последните неколку големи натпреварувања се редовни учесници на СП, но нивна главна одлика е тоа дека не можат да го видат голот. Така беше и на првиот меч за грците кои шансата за погодок ќе ја бараат на мечевите со БСК и Јапонија.
Конечно и на “Брегот“ се израдуваа на победа на Мундијалот. Пресврт победата над Јапонија им дава надеж дека може да се радуваат и на пласман во елиминациите. Токму наредниот дуел треба да даде одговор на ова прашање. Јапонија поведе но немаше сила за подвиг,и се подалеку се од повторувањето на успехот од 2002 година кога успеаа да се квалифицираат во елимациите.
М.П.